Руските моторџии сакаат споменик на Милошевиќ во центарот на Москва

од desk4

Иницијаторот на сите војни на територијата на поранешна Југославија е опишан како „маченик“ и „херој“ кој го дал животот за Србија. Противниците на идејата за споменик на поранешниот претседател на Југославија главно беа поддржани од прозападните медиуми и српските партии.

„Целоруски“ мото клуб близок со Владимир Путин, има намера да подигне споменик на Слободан Милошевиќ на европскиот плоштад во Москва во јуни. Не мора да го нарачаат, веќе е направен, склопен од српскиот скулптор Драган Раденовиќ, кој е и член на Руската академија на уметностите. Милошевиќ е претставен, интересно, во скулптура висока два метри со маска во раката, навидум слична на ликот на Мунк „Крисок“. Ова се смета како антивоена порака, иако Милошевиќ ги започна сите војни на територијата на поранешна Југославија.

Интересно е и тоа што оваа вест излезе пред две недели на веб-страницата на агенцијата РИА Новости, токму во моментот кога Србија западна во хаос испреплетен со жалење за масовното убиство во Врачар што го изврши 14-годишниот Коста Кечмановиќ.

Слични содржини