Рускоска: Јанева ја предаде довербата на народот

од Vladimir Zorba

Катица Јанева ја предаде довербата на народот, соопшти во судницата обвинителката Вилма Рускоска во воведните зборови на судењето за случајот „Рекет“.

– Жртви во овој предмет не се оние од кои се барани и земени парите, жртви сме сите ние граѓани, вели Рускоска.

Првообвинетиот Јовановски изјави дека ако јавната обвинителка може да стои на нозе, „можам и јас па и до последната капка крв“.

– Како што неколку пати кажав, не се чуствувам добро но жалам што сум во ваква здравствена состојба. Не се чувствуам виновен за двете кривични дела, изјави Боки 13 пред судот.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини