С.Македонија повторно набави преносни системи за противоклопна борба од САД

од Nikola Popovski

Владата вчера донесе одлука со која ја продолжи набавката на американските преносни системи за противоклопна борба, наменети за пешадијата на Лесната пешадиска баталјонска група.

Како што беше соопштено, владата на Талат Џафери на 9-та седница „ја разгледа и ја усвои Информацијата на Министерството за одбрана за потребата од доделување договор влада со влада за набавка на преносни системи за противоклопна борба, со склучување на договор меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави“.

„Воедно, утврден е усогласен текст на амандман кон Писмото за понуда и прифаќање (Амандман 1 на писмото за понуда и прифаќање) MK-B-UCF JAVELIN – JLTV, помеѓу владата на Република Северна Македонија и владата на Соединетите Американски Држави“, се наведува во соопштението.

Нагласено е дека со одлуката на Владата на Северна Македонија, продолжува процесот на набавка на преносни системи за противоклопна борба, наменети за пешадијата на Лесната пешадиска баталјонска група.

Одлуката е во насока на определбата за Министерството за одбрана за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија за постигнување целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО и во тие рамки опремување на лесната пешадиска баталјонска група со современа борбена техника, односно лесни оклопни возила на тркала, што како проект е предвидено да се реализира во периодот од 2019 – 2027 година.

Слични содржини