Салвини: Електричните автомобили се куп глупости наметнати од Брисел

од Vladimir Zorba

Италијанскиот министер за транспорт и вицепремиер Матео Салвини денеска ги нарече електричните автомобили „куп глупости наметнати од Брисел“.

Салвини на саемот за железници „Експо Феровијарија“ рече дека „возовите и железницата носат одржливост и вистинска еколошка транзиција, а не глупости за електричните автомобили за секого и по секоја цена, кои се само огромен подарок за Кина“, пренесува Анса.

„Им благодарам на сите што работат во железничкиот сектор и кои се вистински поддржувачи на еколошката транзиција и кои не оставаат илјадници работници без работа“, рече Салвини.

Слични содржини