Сарафов: Пронајдено е тело на дете, вкупно загинаа 45 патници

од Берта Китинска

Во опожарениот автобус кај Струма е пронајдено 45-то тело.

Ова се случило при повторен преглед на возилото, вели за НОВА заменик главниот обвинител и началник на Националната истражна служба Борислав Сарафов.

„За жал, мистеријата е решена. На увидот се пронајдени останки од дете. Во 21.15 часот во трагичната ноќ преку „Капитан Андреево“ влегле 52 патници, 45 лица биле пронајдени во опожарениот автобусот, а седум  се на лекување во Пирогов “, рече тој.

Сарафов рече и дека истражителот и обвинителот се упатени во Скопје ќе останат таму најдоцна до недела.

Слични содржини