СДСМ: Македонија доби место во НАТО, обезбедена сигурна иднина за граѓаните и државата

од desk2

Македонија го доби своето место во НАТО, обезбедена е светла и сигурна иднина за граѓаните и државата, откако земјите членки на НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата, со што  Македонија доби свое место во најмоќниот безбедносен сојуз во светот, порачуваат од владејачката партија.

„Од земја во долгогодишна изолација и  неизвесност, Македонија денес е на иста маса, рамо до рамо со државите од демократскиот свет.

Потпишувањето на Протоколот е потврда за успешната меѓународна политика, признание за вложениот труд во реформите, визионерството во решавањето на отворените прашања со соседите  и градењето пријателски однос со демократскиот свет.

Интеграцијата во НАТО  значи гарантирана безбедност и стабилност, сигурност на нашите граници но и огромни економски придобивки за граѓаните, пораст на инвестициите, повеќе пари, зголемен економски раст“, се вели во партиското соопштение.

 

Слични содржини