СДСМ: Модерни училишта ќе градат новите одговорни власти

од desk2

Учениците низ цела Македонија ќе учат во модерни и достоинствени училишни објекти што ќе ги изградат и реконструираат новите одговорни власти, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

„Учениците низ цела Македонија ќе учат во модерни и достоинствени училишни објекти што ќе ги изградат и реконструираат новите одговорни власти.

Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски и Тони Трајковски да сакаа досега ќе им го овозможеа тоа на учениците во Гази Баба, да не мислеа само на тендер интересите на криминалната централна власт во заминување.

Граѓаните на Гази Баба, како и во другите делови на Македонија знаат со какви несовесни власти досега имаат работа. Затоа на парламентарните избори во големо мнозинство избраа промени.

Лажните вести повеќе не поминуваат. По промените на централната власт, ќе има промени и во локалната самоуправа, бидејки луѓето сакаат квалитетен живот во Македонија“, реагираат од СДСМ.

Слични содржини