СДСМ: МРТВ е класично партиско гласило на ВМРО ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

Националниот сервис, Македонска радио телевизија, не ја извршува законската обврска за професионално, објективно и непристрасно информирање на јавноста туку е претворена во класично партиско гласило на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

сдсм

Националниот сервис, Македонската радио телевизија, известува селективно и пристрасно во интерес на власта.

Македонската радио телевизија, спротивно на законските одредби и обврски да обезбеди еднаков медиумски простор за сите политички субјекти реализираше медиумска блокада на клучните изјави и ставови на СДСМ.

Обраќањето на Никола Груевски, од страна на МРТВ беше пренесено во живо, во текот на денот и во интегрална форма. Но, обраќањето на лидерот на опозицијата, Зоран Заев не беше пренесено во живо, ниту пак интегрално.

Дополнително, во вториот Дневник на МРТВ, на Никола Груевски му беа отстапени повеќе минути во ударниот дел а од обраќањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, МРТВ пренесе само кратка изјава, пократка од 40 секунди. Иако, во истиот Дневник беа пренесени изјави од портпаролот на МВР но и интервјуто со Гордана Јанкуловска кое беше емитувано и во дневникот во 17:00 часот.

 

МРТВ емитуваше дел од обраќањето на Претседателот Заев, без одговорите на прашањата, дури околу 1 часот, по полноќ. Што значи, наредниот ден.

Дури МРТВ организираше и специјална дебата за одбрана на власта, кадешто единствени гости беа најверните поддржувачи на Груевски. Тоа е само дополнителна потврда во што се претвори МРТВ.

Еднаков простор во вестите и во сите програми и емисии од информативен карактер за сите политички субјекти е законско право и обврска на јавниот сервис.

За начинот на однесување на МРТВ Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе ги запознае сите релевантни домашни и меѓународни организации, се вели во соопштението на СДСМ

Слични содржини