СДСМ не ги поддржува измените на Законот за државјанство

од Vladimir Zorba

„Во оваа предложена форма СДСМ не ги поддржува измените на Законот за државјанство, поднесени од пратеници на Алијасна и Алтернатива. На предлог текстот СДСМ има сериозни забелешки“, соопштија од партијата.

„За измените на текстот на Законот, ќе разговараме со предлагачот и со другите пратенички групи и тие измени ќе ги направиме по пат на амандмани, а целта ќе биде обезбедување поширок консензус за да се дојде до соодветно решение.
Измените на текстот на Законот за државјанство влегуваат во скратена процедура во Собранието бидејќи се работи за долгогодишен проблем за државата.

Корекциите кои што ќе ги побараме ќе бидат во насока на почитување на меѓународните стандарди за решавање на вакви проблеми. Решението треба да биде системско и одржливо за да не дојдеме во ситуација со решавање на ова прашање да отвораме други прашања.

СДСМ останува посветена на креирање и спроведување законски решенија што го олеснуваат и подобруваат секојдневниот живот на сите граѓани“, додаваат оттаму.

Слични содржини