СДСМ: Ниту еден ученик нема да остане без учебник, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да внесе немир кај родителите

од Andreja Salpe

СДСМ во своето соопштение ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека шири лажни вести и шпекулации во обид да му наштети на образовниот процес.

,,ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години свесно и намерно го урнисуваше образованието денес како опозиција шири лажни вести и измислици со цел да ги дискредитира реформите кои го унапредуваат образовниот систем. Класична лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ е дека десет отсто од учениците во новата учебна година ќе останеле без учебници. Ниту еден ученик нема да остане без учебник, како што лаже ВМРО-ДПМНЕ во обид да внесе немир кај родителите и учениците”, стои во соопштението

Како што јавно објави Министерството за образование и наука од наредната учебна година ќе се применува комбиниран начин на учење, односно за учениците од прво до трето одделение ќе се обезбедуваат хартиени учебници, додека за учениците од четврто и погорните одделенија се обезбедуваат дигитални учебници како прва опција.

Во случај некој ученик да има потреба од печатен учебник, училиштето каде посетува настава има обврска тоа да го обезбеди, а истовремено, секое училиште ќе има обврска да ги обезбеди потребната количина ИТ уреди.

Слични содржини