Седум години затвор за крадецот на торбата со безбедносните планови за Олимпијадата во Париз

од Nikola Popovski

Човекот кој украде торба од вработен во париското градско собрание во понеделникот вечерта, во која наводно имало безбедносни планови за обезбедувањето на Олимпијадата во Париз, е осуден на седум месеци затвор, објавија денеска тамошните судски извори.

Во воз на железничката станица Гард де Норд била украдена торбата со лаптоп и два УСБ-стикови, а му припаѓала на инженер вработен во париското Градско собрание, 56-годишен маж кој ја ставил во багажниот простор над седиштето на возот.

Крадецот е маж роден 2001 година, а пред судот во француската престолнина се појавил во петокот. Кражбата предизвика загриженост откако полициски извор открил што имало внатре во торбата.

Париското обвинителство подоцна објави дека УСБ-то „содржеле само информации за јавниот превоз во Париз за време на Олимписките игри, а не чувствителни безбедносни информации“, како што првично било соопштено.

Осомничениот и е „од претходно познат“ на полицијата за кражби во јавниот превоз.

Инженерот ќе биде сослушан, при што треба да се утврди дали со носењето на УСБ-то ги прекршил правилата за внатрешна безбедност, се вели во соопштението од Градското собрание на Париз.

За време на Олимписките игри во периодот од 26 јули до 11 август секојдневно ќе бидат на должност околу 35.000 припадници на полицијата, меѓу кои и две илјади агенти.

Слични содржини