Шаќири ќе бара дозвола од родители за да се отвори нова паралелка на македонски јазик во Јаболчиште

од Vladimir Zorba

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска рече дека не прифаќа деца да патуваат за да учат во друга општина. На состанокот со Советот на родители од општина Чашка, тој дал предлог, ако тие сакаат, да се отвори нова паралелка на македонски јазик во Јаболчиште.

– Без разлика што таму поголемиот процент деца се Албанци, ако имаат такво барање, ќе отвориме. Јас секој од нивните предлози, без разлика на тоа што се однесуваа на надлежностите, на директорката, кажав дека треба да се има законска основа за секој проблем со цел да имам конечен записник за да можам да постапам. Отворената паралелка, се работи за четири ученици, мали деца кои не знаат ниту за политички партии, ниту за разликите помеѓу нас. Барав до крајот на учебната година или до изнаоѓање на решение, тие да продолжат со настава во истото училиште, појасни министерот, одговарајќи на новинарско прашање зошто не бил прифатен предлогот на Советот на родители од општина Чашка по вчерашниот состанок.

Слични содржини