Што да очекуваме од новите предводници на Samsung?

од Vladimir Zorba

Повторно е она време од годината кога Samsung ќе ги објави своите новите топ паметни телефони на најголемиот мобилен настан во светот. И фановите на Android се подготвени да се радуваат. Ако се прашувате што може да очекуваме од пуштањето на новите модели Galaxy, еве какви се очекувањата на TechCrunch.

S9 и S9 +

Додека повеќето производители на паметни телефони на Android го пропуштаат Mobile World Congress оваа година, Samsung сигурно нема. Најголемиот производител на смартфони во светот се очекува да ги претстави своите Galaxy S9 и S9 + на настанот. Или, барем, има доста докази за тоа во поканата за премиерата, која ќе се одржи во рамките на прелиминарната програма. Самата покана е во форма на деветка.

Тоа значи дека S9 и S9 +, кој ќе биде со големина на фаблет, ќе се појави еден месец порано од минатогодишните S8 и S8 кога компанијата избра премиера во Њујорк наместо MWC.

Фокус на камерата

Се разбира, Samsung се надева дека нејзините нови паметни телефони ќе го привлечат вниманието поради сопствените заслуги. Тоа е причината зошто таа става толку многу акцент на камерата и нејзините подобрувања.

На многу начини тоа е чудна маркетинг порака за смартфон најмногу поради вниманието што инженерите го вложуваат во овие уреди во текот на последната деценија, како и колку високо е крената границата во премиум сегментот.

IphoneX на Apple е подоброто објаснување на тизерот на Samsung дека камерата на S9 ќе биде променета, со оглед дека компанијата од Купертино се обложи на подобри сензори и нови функции како филтри и анимоџи, кои можат да го следат лицето на корисникот.

IphoneX нуди и нов метод за биометриска идентификација, кој се потпира на препознавање на лицето повторно преку истата TrueDepth камера.

Во јануари Samsung го насочи вниманието кон новите чипови за паметни телефони, што сугерира дека може да понуди искуства слични на оние кои Apple ги нуди во iPhone X. Постои и друга можност: Samsung да ги користи можностите за комбинирање на веќе постоечките технологии за биометриски податоци да се обиде да ја оспори доминацијата на FaceID на Apple. Или барем така се тврди.

Освен тоа е можно е S9 да вклучува селфи режим, кој ќе вклучува „анимирани аватари како анимоџи“. Ќе биде интересно да се види дали Samsung целосно ќе го отстрани копчето Home во S9.

Еван Блас, познат по тоа дека често пушта информации за претстојните модели, објави фотографии на S9 и S9 + кои покажуваат дека читачот на отпечатоци е позициониран под задната камера.

Блас покажува и кадри кои откриваат дека Samsung можеби конечно ќе им ја даде на корисниците така саканата двојна камера, која најверојатно ќе важи како за S9, така и за S9 +.

Слични содржини