Што се случува со вашето тело кога не пиете алкохол еден месец?

од Stefanija Kuzmanovska

Сè повеќе луѓе размислуваат да го намалат или целосно да го исфрлат алкохолот од својот живот. Сепак, дали некогаш сте се запрашале што навистина се случува со вашето тело кога ќе престанете да пиете алкохол?

Real Simple идентификуваше девет начини на кои откажувањето од алкохол за 30 дена или повеќе може позитивно да влијае на вашето тело, ум и здравје.

1. Подобрување на меморијата: Алкохолот може негативно да влијае на мозокот, предизвикувајќи слаба концентрација и меморија. По еден месец без алкохол, многу луѓе забележуваат значително подобрување во нивната ментална состојба и меморија.

2. Подобро спиење: Иако алкохолот може да ве натера брзо да заспиете, подоцна во текот на ноќта може да го наруши вашиот циклус на спиење, што ќе доведе до почесто будење и послаб сон. Непиењето алкохол може да го подобри квалитетот на сонот и да ги намали проблемите со несоницата.

3. Подобрено расположение: Алкохолот може привремено да го подобри расположението, но долгорочно може да предизвика анксиозност и депресија. Престанувањето со консумирање алкохол може позитивно да влијае на менталното здравје и да го намали ризикот од психолошки проблеми.

4. Посилен имунолошки систем: Алкохолот може да го ослаби вашиот имунолошки систем, што ве прави поподложни на болести. Исклучувањето на алкохол може да ја зајакне вашата одбрана од вируси и бактерии.

5. Рамнотежа на хормоните: Консумацијата на алкохол може да го наруши хормоналниот баланс, што може да доведе до репродуктивни проблеми и други хормонални нарушувања. Престанувањето со пиење алкохол може да помогне да се врати хормоналната рамнотежа.

6. Го намалува воспалението: Алкохолот може да предизвика воспаление во телото, што може да придонесе за различни здравствени проблеми. Непиењето алкохол може да ги намали воспалителните процеси и да го подобри општото здравје.

7. Подобро варење: Консумацијата на алкохол може да влијае на рамнотежата на цревната микрофлора, што може да доведе до проблеми со варењето. Кога не пиете алкохол, ќе го подобрите варењето и општата состојба на органите за варење.

8. Здравјето на црниот дроб: Црниот дроб игра клучна улога во детоксикацијата на телото, а алкохолот може да предизвика оштетување на клетките на црниот дроб. Не пиењето алкохол му дава шанса на црниот дроб да се опорави и го намалува ризикот од долготрајни проблеми со црниот дроб.

9. Намален ризик од одредени видови на рак: Алкохолот може да го зголеми ризикот од одредени видови на рак, вклучително и рак на црниот дроб, дебелото црево и ректумот. Ако не пиете алкохол, можете да го намалите тој ризик и да придонесете за вашето целокупно здравје.

Слични содржини