ЦО на СДСМ даде поддршка за објавување на материјалите кои упатуваат на како што пишува во усвоениот документ злоупотреби, криминал и корупција на власта. Беа изгласани следните заклучоци.

Се овластува раководството на СДСМ да започне со обзнанување на документите кои докажуваат систематско и незаконско прислушување на илјадници граѓани, целосна контрола и злоупотреба на државните институции и правосудни инстанци во партиски и изборни цели, злоупотреби и груби нарушувања во изборниот процес како и криминал и корупција во највисоките ешалони на власта.

zakluc

Документите ги потврдуваат ставовите на СДСМ и на голем дел од македонската и меѓународната јавност.

За притисоците врз медиумите и слободата на изразување, целосната контрола на државните институции од страна на врхушката на власт, селективната и партиски диктирана правда како и погазената правна држава.

Согласно Уставот и законите на Република Македонија никој нема право да го спречи објавувањето на документите кои докажуваат криминал и злопотреби од страна на највисоките владини ешалони. Вистината за состојбите во Македонија мора да излезе на виделина.

zalkl2

Целта на споделување на овие документи со јавноста не е само да се констатираат посеточеките состојби и објави вистината туку да се иницира процес на враќање на слободата и демократијата и возобновување на правната држава.

Се поздравува политичката поддршка и солидарност која ја изрази Партијата на европските социјалисти и нејзини членови како и Пратеничката група на Социјалисти и Демократи во Европскиот парламент. Дополнително видлива е сериозна и растечка загриженост на меѓународната заедница околу потезите на актуелната власт кои ја покажуваат политичката контрола врз државните институции и силниот притисок врз медиумите и опозицијата./A1On

Слични содржини