Шумски пожар во селото Речане, пожарникарите на терен

од Stefanija Kuzmanovska

Вработени во „Македонски шуми“ и пожарникари преземаат мерки за да го локализираат шумскиот пожар кој претпладнево избувнал во близина на селото Речане, гостиварско.

Според инфромациите од Ценатрот за управување со кризи, пожарот бил пријавен на телефонскиот број 112, а на местото била испратена една екипа од тројца пожарникари и едно ПП возило.

„Првичните информации говорат дека гори висока сува трева, нискостеблестао дерградирана шума, но има зафатено и мал простор со висока шума“, информираат од ЦУК.

Слични содржини