СЈО отвора седум нови истраги

од desk2

Специјалното јавно обвинителство отвора седум нови случаи за кои се отворени предистражни постапки за 17 лица, соопшти Катица Јанева.

Обвинителството презело три предмети од Скопското јавно обвинителство и од обвинителството за организиан криминал и корупција, Скопје 2014, Актор и незаконската дивоградба Космос.

СЈО воспостави надлежности и отвори нови предистражни постапки за овие случаи.

Првиот случај, како што појасни обвинителката Фатиме Фетаи, е наречен „Странски служби“ против две лица, за злоупотреба на службена дејност и овластувања. Едниот како директен извршител, а другиот како поттикнувач. Едниот е началник на одделот за оперативна техника во УБК, кој нарачал  клонирани дупли базни станици, за потврдување на тогашните тврдења на власта за прислушување од странски служби. Другиот е вработен во телекомуникациска фирма кој ги направи јавните набавки во незаконска постапка…

Друмарина
Пратеничка наплатила 100.000 евра за патарини, иако не патувала, туку седела во Скопје, а прикажала повеќе од двојно поголема километража помината со нејзиното возило.

Oсомничената од 25 јуни 2011 година до 16 декември 2015 до собраниските служби поднесувала лажни фискални сметки за патарини. Истрагата на СЈО покажала дека Бонева имала сместување во Скопје, а за тој период доставила сметки за патарини за вкупно 843 патувања со сопствено возило.

„Извршената анализа покажува дека ако патувањата би биле реално направени, осомничената би направила 235.928 км, но според доказите таа поминала 133.520 километри“, рече Фетаи.

Рентген
Министер за здравство при постапка за рентген апарати и друга радиолошка опрема сторил кривично дело. Осомничениот фаворизирал една од фирмите пред почеток на постапката овозможил да дознае детали за постапката. Склучен е договор со втората фирма од тендерот и на тој начин прибавени се повеќе од 800.000 евра корист.

Продуцент

Од 2009 до 2012 министерот за земјоделство, со постапување спротивно на законот, ја злоупотребил својата положба. Склучен е договор без јавна набавка со Смак центар ДООЕЛ СКопје за 50.000 евра, за продуцирање на емисијата Боја на парите емитувана на ТВ Сител.

Лидери
Поради телефонски разговор од „бомбите“ на рушење на бесправно изградени објекти меѓу два лидери на политички партии. Објектот е спроти една странска амбасада, а осомничено е лицето кое се јавува како инвеститор.

Тарифа 2
Против едно лице во случајот Тарифа, но и во овој случај сторил ново кривично дело. Штетата е причинета по два основи неисплата од АД Елем кон чешка фирма за миграција на системот. Истиот осомничен го оштетил Елем 72.480 евра за ЕРТ системот. Вкупната штета е 218.880 евра кон Елем, а во корист на чешкиот конзорциум.

Транспортер 2
Се однесува на незаконсите дејствија со превозот во Битола, против 10 лица, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Битола, и секретарот на општината, како и тројца директори на основни училишта кои не се опфатени со првиот предмет Транспортер. За пет превозници прибавиле имотна корист во висина од 1,5 милиони денари.

Слични содржини