Сладолед од само 4 состојки

од desk2

Најдобриот домашен сладолед кој сте го пробале некогаш, а се прави од само 4 состојки.

СОСТОЈКИ:
7 жолчки
1,5 дл шеќер во прав
ванила
7 дл слатка павлака
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пенасто разматете јајца и шеќер. Смесата треба да стане бела.
Пресечете го стапчето ванила и додајте ги зрнцата во јајцата и шеќерот.
Црвсто разматете ја слатката павлака и измешајте лесно со јајца и шеќер. Сѐ ставете во сад и во замрзнувач 3-4 часа.

Слични содржини