Со камион упаднал во руската амбасада: „Јас го завршив мојот дел“! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

За време на антивоените протести пред руската амбасада во Даблин, Република Ирска, неидентификуван маж со камион ја скршил капијата на влезот на амбасадата, додека демонстрантите збунето гледале што се случува, пишува во понеделникот „The Irish Times“.

На снимките што се појавуваат на социјалните мрежи се гледа како камион со голема приколка се движи наназад додека не ја сруши капијата на руската амбасада, што неколкумина го поздравија со аплауз и извици „браво“, додека други збунето го следеа инцидентот, пишува „The Irish Times“.

Откако ја срушил капијата, камионџијата се претставил како „работник“ од ирското село Леитрим и додал дека полицијата најверојатно ќе го уапси по се што направил.

За време на апсењето, тој кратко рекол: „Јас го направив мојот дел, момци. Време е остатокот од Ирска да го направи својот дел“.

Полјакот Лукаш Риз, кој протестирал пред амбасадата кога се случи инцидентот, сведочел дека возачот на насобраните им рекол: „Сакам да ја срушам оваа капија. Потоа се погрижи никој да не му застане на патот, на што беше многу внимателен“, рече Риз.

Демонстрантите се собираа секој ден пред амбасадата 10 дена од руската инвазија на Украина. Дваесет минути пред да пристигне камионот, неколку демонстранти седнале на влезот во амбасадата со цел да ги спречат вработените во амбасадата да го напуштат објектот.

Слични содржини