Собранието избра четворица нови заменици-министри

од Vladimir Zorba

Собранието на Република Македонија вечерва избра нови четворица заменици-министри во Владата.

За заменик-министер за надворешни работи е избран Андреј Жерновски, за заменик министер за здравство Асим Муса, за заменик министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и за транспорт и врски Садик Беќири.

– Ве уверувам дека предложените кандидати совесно и со најголема посветеност и одговорност ќе ги извршуваат своите работни обврски и согласно Законот и определбите на Владата на Република Македонија за остварување на програмските определби на Владата и стратешките интереси на Република Македонија и исклучиво во интерес на граѓаните, рече премиерот Зоран Заев пред изборот на новите заменици-министри.

Претходно Собранието избра нови четворица министри во Владата. За нова министерка за правда е избрана Рената Дескоска, за министер за образование и наука Арбр Адеми, за култура Асаф Адеми и за министер без ресор Бардил Даути.

По гласањето за нивен избор новите министри дадоа свечени изјави.

Како нови коалициски партнери во Владата влегуваат крилото на Беса на Африм Гаши и ДПА, кои имаат министерски места, како и Сојузот на Ромите./МИА

Слични содржини