Сојузот на средношколци за протестот на СОНК: „Кој ќе им пишува сега неоправдани на професорите?“

од Берта Китинска

Претседателот на Сојузот на средношколци , Лука Павиќевиќ, на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање во врска со нивниот став за протестот на СОНК,  истакна дека „кога тие штрајкуваат професорите им пишуваат неоправдани“ и запрашаа „кој ќе им пишува неоправдани на професорите?“.

– Не би сакале да го коментраме најавениот штајк на СОНК, меѓутоа мора да кажеме дека правото на образование е уставно загарантирано. Државата како знае и умее мора да го обезбеди за сите ученици, без прекин. На пример кога учениците штрајкуваат професорите им пишуваат неоправдани и честопати се осудува бојкотот од страна на учениците, така што прашањето е кој ќе им пишува сега неоправдани на професорите? Треба да се поттикнува солидарноста меѓу сите учесници во образовниот процес. Поквалитетен образовен систем е во интерес на сите, истакна Павиќевиќ.

Слични содржини