Спасовски: Фактите говорат дека од 2006 до 2015 имаме 331 убиство, од кои 38 нерасветлени

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Канал 5 во однос на прашањето околу криминалитетот и убиствата низ аргументи, факти и бројки направи компарација за периодот на ова раководство на МВР наспроти периодот кога со институциите раководеше претходната власт.

„За периодот од 2006 до 2015 година вкупно има извршено 331 убиство од коишто 38 се нерасветлени. Тоа е периодот во којшто денешната опозиција е власт и ги предводи институциите. Од периодот на 2017, па сѐ до денеска имаме 128 убиства од коишто само 13 се нерасчистени. Ова покажува и во обемот на намалување на криминалитетот – вкупен, меѓутоа и во делот на откривачката дејност – колку таа е зголемена. Ако зборуваме за криминалитетот вкупно во државата, за првите 9 месеци имаме намалување за 11 отсто на криминалитетот, за разлика од минатата година или споредбено со 2022 година. Тоа е тенденција – да се намалува вкупниот криминалитет, да се зголемува ефикасноста, која годинава е зголемена за 4 отсто во овие први 9 месеци. Ова се аргументи и факти кои треба во секоја прилика да ги изнесуваме во јавноста“, наведе Спасовски.

Слични содржини