Според ИПИС: Силјановска-Давкова ја зголемила предноста пред Пендаровски

од Nikola Popovski

Разликата меѓу Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски се зголемува, покажува анкетата спроведена од ИПИС во март на ниво на државата, објавена во синоќешната емисија „Објектив“ на МРТ. Објавените рејтинзи покажуваат дека за Силјановска Давкова би гласале  24,6%, а за актуелниот шеф на државата и кандидат за уште еден мандат, Стево Пендаровски – 14 % од анкетираните граѓани.

Според ИПИС, соодносот меѓу двајцата кандидати во февруари годинава изнесувал 8,7%. Тогаш за Силјановска се изјасниле 20,2%, а за Пендаровски 11,5%.

По нив следат Бујар Османи со 7,0% поддршка, Таравари со 5,7%, Билјана Ванковска со 3,5% итн.

Телефонската анкета на ИПИС за потребите на МРТВ била спроведена кон крајот на февруари и почетокот на март на 6069 испитаници со маргина на грешка од +- 1%.

Слични содржини