Според опозицискиот ИПИС: Европскиот фронт има 35 пратеници наспроти 29 на ВМРО-ДПМНЕ во четири изборни единици

од Nikola Popovski

Според анкетата објавена на МТВ, а изработена од опозицискиот Институт за политички истражувања Скопје на Владимир Божиновски, Европски фронт ќе освои 35 пратеници во Изборните единици 1, 2, 5 и 6, наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои би освоиле 29 мандати.

Ваквата анкета покажува дека Европскиот фронт има предност за формирање на идната Влада, бидејќи граѓаните ја избираат европската иднина на земјава.

Од досега објавените резултати, Европскиот фронт убедливо води во Изборната единица 6, каде што СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците, ЛДП, ДОМ, ВМРО-Народна партија би освоиле 11 мандати, наспроти 3 на ВМРО-ДПМНЕ. Во Изборната единица 5, Европскиот фронт би освоил 10 мандати, наспроти 9 на ВМРО-ДПМНЕ, додека блага предност има ВМРО-ДПМНЕ во изборните единици 1 и 2.

Ваквите резултати, дури и на анкетите од проопозициските институти покажуваат дека е лажен триумфализмот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и дека мнозинството од граѓаните својата поддршка ја даваат на владејачкиот Европски фронт.

Слични содржини