Стар познаник ќе го замени Кутињо во Ливерпул

од Vladimir Zorba

Петкратниот европски клубски шампион, Ливерпул се насочува кон ѕвездата на Милан – Сусо. Тој е баран од менаџерот Јурген Клоп за заменик на Филипе Кутињо, кој замина во Барселона.

На „Енфилд“ не зедоа фудбалер, кој вистински може да го замени Бразилецот, по неговиот трансфер кај каталонците.

Во лицето на Сусо, Клоп гледа можен заменик на Кутињо, а самиот Шпанец не ја негира таквата можност.

Како што е познато, во јануари 2015 година, Фернандо Саес-Сусо премина на слободен трансфер од Ливерпул во гигантот од Милано.

Слични содржини