Стеф Кари трет на вечната листа според постигнати тројки

од Vladimir Zorba

Кошаркарот на Голден стејт, Стеф Кари на четвртиот натпревар од полуфиналето на плејофот на Западната конференција против Њу Орлеанс постигна четири тројки од девет обиди и значително придонесе за победата на неговиот тим од 118:92.

Голден стејтс се на чекор од пласман во финалето, а Кари се најде на вечната листа според постигнати тројки во плејофот пред Ману Џинобили од Сан Антонио.

Кари со 326 постигнати тројки сега се наоѓа на третата позиција на листата, а пред него се Леброн Џејмс со 346 и Реј Ален со 385 тројки.

Кошаркарот на Голден стејт неодамна се врати на терен по заздравувањето на повредата на коленото, а оваа сезона просечно реализира по 26,4 поени, 6,1 асистенции и 5,1 скок./МИА

Слични содржини