Стејт департмент: Кина, Иран, Русија и Северна Кореја се „сили на нестабилност“

од desk4

  Администрацијата на претседателот на САД смета дека Кина, Иран, Русија и Северна Кореја се „сили на нестабилност” поради кршење на човековите права на граѓаните во овие и други земји.


Во годишниот извештај за човековите права во светот, Стејт департментот издвои четири земји поради сериозни повреди на човековите права, вклучувајќи ги ограничувањата на слободата на изразување и здружување, како и дозволување или вршење насилство врз верски, етнички и други малцински групи.

Претставувајќи го извештајот, в.д. секретар на САД Џон Саливен рече дека „владите на Кина, Русија, Иран и Северна Кореја“, на пример, секојдневно ги кршат човековите права на граѓаните и дека поради тоа се „сили на нестабилност”.

Извештајот ја анализира состојбата на човековите права во секоја земја во светот во 2017 година. Ова е прв извештај, кој беше целосно составен од страна на администрацијата на Трамп.

Стејт департментот во извештајот е критичен кон Саудиска Арабија и Турција.

Организациите за заштита на човековите права, вклучително и Амнести интернешенел, го критикуваа  извештајот на Стејт департментот, наведувајќи дека внатрешната политика на Трамп и блиските односи со земјите обвинети за злоупотреба на правата, му нанеле голема штета на кредибилитетот на САД, како лидер во заштитата на човековите права. ир/12:15

###

 

 

 

ФБИ нуди милиони долари за информации за откривање aмерикански новинар во Сирија

Вашингтон, 21 април 2018 (МИА)Федералните власти на САД понудија награда од еден милион долари за какви било докази што ќе помогнат во потрагата на американскиот новинар Остин Тајс, кој исчезна во Сирија пред повеќе од пет години.

Наградата на ФБИ не е поврзана со „никаков конкретен настан”.

Тајс е најверојатно единствениот американски новинар, кој се уште е во заробеништво во Сирија- држава, која е меѓу најопасните земји за воените новинари.

Наградата ќе биде исплатена за „информациите кои директно ќе доведоа до откривање, спасување и враќање жив и здрав” на новинарот. Информациите можат да бидат соопштени преку е-пошта на [email protected], преку сајтот tips.fbi.gov или преку американските конзулати во странство, соопшти ФБИ.

Новинарот беше киднапиран недалеку од Дамаск на 14 август 2012, веднаш по неговиот 31 роденден.

Репортери без граници ја поздравија одлуката на ФБИ и изразија надеж дека предложената награда ќе ги охрабри луѓето кои можат да обезбедат некои детали за судбината на Остин

Слични содржини