Столтенберг: Има тензии во Косово и Бих, но треба да се препознае силата и важноста на НАТО

од Nikola Popovski

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска од Скопје порача дека треба да разбереме зошто овој регион е толкава важност. Истакна дека не гледаат воена закана против некој од сојузниците на НАТО во регионот, но она што го гледаат е зголемувањето тензиите на Косово, како и тензии кои се јавуваат во БиХ.

-Загрижени сме за развојот на настаните во одредени држави од регионот, но треба да се препознае силата и важноста на НАТО. Присутни сме тука со години. На косово гозголемивме присуството и секако ние сме претпазлици и одблиску ја следиме ситуацијата. Тука повеќе се работи како да помогнеме да се стабилизира нашето соседство. Многу ми е корисно да седнам со сите лидери од регионот и да докажам и да ги споделам нашите процени, одговори Столтенберг по заедничката прес-конференција по неформалниот состанок на НАТО лидерите од регионот.

Првиот човек на НАТО додаде дека Западен Балкан е важен за НАТО и дека имаат обврска да помогнат во обезбедувањето мир и просперитет.

Слични содржини