Стравична несреќа во Мелбурн: Камион удрил во автобус со 45 ученици од основно училиште

од Stefanija Kuzmanovska

Во сообраќајна несреќа во австралискиот град Мелбурн повредени се 45 ученици од основно училиште, од кои 18 се хоспитализирани, јавува Би-Би-Си.

Во автобусот, во кој во вторникот удрил камион, а потоа се превртел, имало 45 ученици, а 18 од нив на возраст од 5 до 11 години биле пренесени во болница, од кои повеќето биле итно оперирани, а еден е задржан во болница на интензивна нега.

Во болница е пренесен и 52-годишниот возач на автобус со повреди кои не се опасни по живот.

Останатите добиле лекарска помош на лице место и биле пренесени дома.

Полицијата соопшти дека 49-годишниот камионџија, кој е одговорен за несреќата во која бил полесно повреден, е уапсен на местото на настанот и е осомничен за опасно возење со тешки последици.

Слични содржини