Ви пренесуваме текст објавен на страницата на Студентскиот пленум – став на студентите во пресрет на најавената „окупација“ на факултетите, односно прогласувањето автономна зона.

студенти

Како започна сè?

И на третиот ден (од октомври) бидна соопштение.

ЕКСТЕРНО ЌЕ ПОЛАГААТ И СТУДЕНТИТЕ! (Сител)

Екстерно ќе бидат тестирани и студентите. Сите ќе  полагаат државен испит. Ќе се унифицираат дипломите и квалитетот на  јавните и приватни универзитети. Министерот Адеми најави нови законски измени, кои доколку се прифатат ќе стапат на сила уште следната академска година.  Ќе се тестира знаењето и ќе се верифицираат положените испити. Испитот ќе биде во втора и четврта година. Доколку не го положат нема да продолжат со студии и да земат диплома.

И биднаа многу реакции. Биднаа анкети. Процентот на луѓе кои беа за полагање на екстерно, како што на почeтокот милуваа тие Оттаму да го кажуваат беше фрапантно низок. Некој би си рекол дека 93% бројност за “НЕ” на анкета на која учествувале 3700 луѓе е поприлично децидна за да на Некому му стане јасно оти греши.

20141006-studentite-jasni-ne-ja-prifakjaat-odlukata-na-mon-za-drzhaven-ispit-1

Извор на анкетата: Факултети.мкНо, тоа не беше така. Во текот на наредните денови започнаа јавните манипулации од сите страни. Беше организиран првиот пленум, бомбастично најавен во сите медиуми како протест, и како и што сите очекуваа – беше неуспешен. Бидејќи, нели, пленум е пленум, а протест е протест и во тоа време ретко кој сфаќаше што всушност е пленум. Меѓутоа, јавниот дефитизам на кој се навикнавме надвладеа и во овој случај. Се чинеше дека сè ќе остане сепак, како и секогаш, незабележано и истуркано и дека на студентите навистинасе им е таман.

Мобилизацијата за првиот марш остана незабележана. Студентскиот пленум не постоеше, а за маршот информација можеше да се најде само на Фејсбук. И во тие мигови, буквално никој не очекуваше ништо. Но, резултатот сепак беше повторно фрапантен, за тие Оттаму секако.

И повторно, покрај толкава маса на луѓе, претпоставуваме секој ќе си каже – сепак имало легитимитет отпорот кон анти-автономните реформи? Грешна претпоставка!

Следуваше најнискиот вид на пропаганда. Следуваа покажувања со прсти на индивидуи, поврзување на движењето со сè она што не е! Следуваа спинови од невидени размери, спинови на кои ниту мали деца не им веруваа!

Откако стана јасно дека сите првобитни најави околу екстерното пропаднаа во вода, првиот главен спин беше именувањето на “реформата”. Па така, иако низ текот на месеците октомври и ноември Владините службеници напоредно ги користеа и двата термини, одеднаш, веднаш по првиот марш на сите им стана јасно дека тоа не било екстерно, напротив, сите ние сме биле изманипулирани…

…Замислете! Ова се случува во 21. век!

Курир: Студентите се изманипулирани, еве детали за државниот испит. [22.11.2014]

Стратегијата градена неколку денови, по целосниот шок од очигледното незадоволство, ја доживеа својата кулминација кога на Сител премиерот само потврди она што се збореше цел ден: дека Студентскиот пленум не е независен и дека ТОКМУ ТОЈ ги излажал студентите со терминот екстерно. Ова може да се види во неговото гостување на Сител од истиот ден (22.11) тука.

Повторувам – ова се случува во 21. век! Со едно пребарување на Time.mk ќе бидете во можност да најдете неколку директни изјави од Владини претставници на кои токму тие го користат терминот екстерно, и тоа на цел месец пред првиот марш. Еве дел од резултатите.

И како што и се навикнавме, реториката повеќе немаше смисла. Се зборуваше за името на “реформата”, наместо за нејзината штетност. Никој повеќе не ги спомнуваше првобитните замисли, дека студентите по евентуалното паѓање на овој испит нема да можат да продолжат да студираат (нешто од кое се откажаа после првиот марш). Сè се сведе на проста реторика и манипулација, како што покажуваат и архивите од наредните денови.

Еве уште еден пример на страшна манипулација, каде што три (3!) студенти се собрани за да го кажат ставот на сите останати, на само неколку денови по првиот марш.

Курир: Студентите се чувствуваат изманипулирано, државниот испит е концепт кој го поддржуваат [23.11.2014]

Но, тоа не беше се. Следуваше можеби најмизерното нешто видено во новинарството досега, кога двајца од 3000 вкупно протестанти беа доволни Студентскиот пленум да се нарече СДММ.

Курир: Студентски пленум не постои, Студентски пленум е СДММ!

Капа долу! Не може полошо од ова, секако. Нели?

Епа, не е така! Бидна и тоа! Се стиша се! Повторно, се чинеше дека се е готово. Студентски пленум = СДММ. Се беше јасно, ние само требаше да слушаме што ќе ни сервираат. А, богами, ни беше сервирано многу. И тогаш, можеби и очекувано, беше најавен вториот марш.

Еве дел од “независните” реакции по повод овој марш.

Курир: Протестите на студентите се партиски мотивирани и поттикнати од СДСМ [03.12.2014]
Курир: Студентите против политички протести: конечно ќе се види кој ја заслужил, а кој ја купил дипломата [08.12.2014]

Најпосле, и покрај сите притисоци се случи уште еден целосен дебакл на црната кампања против Студентскиот пленум. Резултатот беше следен:

Хм, овде се многу луѓе, зар не? После ова, сигурно е дека сите веќе се уверени во легитимитетот на барањата на студентите. Јасно е дека оваа најавена “реформа” нема да помине. Секако, во некоја нормална држава, овие размислувања се точни, но не и тука!

Напротив, сето ова на крајот, всушност резултираше со водење на буквално истата црна пропаганда. Во недостаток на идеи, во наредните неколку недели се повторуваа истите обвинувања, со тоа што овојпат сите кои излегоа на протести беа на лице место фотографирани, како што докажува следниов архивски извадок:

Курир: Фото галерија: студентски или опозициски протест?(10.12.2014)

Во меѓувреме беше организиран и трет успешен протест:

И најпосле, се случи тоа што сите Оттаму го очекуваа. Дојдоа празници! Моментот на јуришање пристигна!

После сета таа неуспешна пропаганда и сета јавна наклонетост кон студентите и Студентскиот пленум, благодарноста која ни ја испратија Оттаму беше гласањето на реформите во 3 часот навечер, како што потврдува овој линк од 13.01.2015 (извор:НоваТВ). Се поставуваше веќе прашањето, од кого се кријат пратениците што така касно ги гласаат овие “реформи”?

Одговорот не го добивме, напротив нивната тврдоглавост продолжи со гласањето на законот и во третото читање уште наредниот ден.

Студентскиот пленум доживеа крах! Најпосле! Бевме скршени затоа што никој не не слушна!

Не драги студенти и колеги, не бевме скршени од егоистични причини, како оние Оттаму што го гласаа законот во 3 часот сабајле. Или оние што не заокружуваа, ни ги оцрнија и поделија нашите професори на импактни и останати. Или оние што не нарекуваа со секакви имиња. Или затоа што жртвувавме денови, недели, па и месеци за да на крај не добиеме ниту едно здраво. Бевме скршени поради сите НАС! Боли помислата дека 10.000 грла јасно викаа НЕ за овие “реформи”, а на крај сè што добија беше зарипнат глас!!!

А, што е сменето од моментот на гласање до моментот со ветениот мораториум (одложување на законот за една година) од страна на Премиерот од пред неколку денови? Апсолутно ништо! Сепак, ова е ветување кое доаѓа директно од човекот за кој 4 месеци не постоевме, за кого партиските војници 4 месеци, како што е погоре прикажано, ни вршеа страшни притисоци, не вреѓаа, не понижуваа, не камшикуваа затоа што имавме спротивно мислење од нивното за на крај да ни понудат да им веруваме на нивниот збор!

Студенти! Сега е конечно дојдено времето ним да им зарипне гласот!

Студенти!!! Ајде да покажеме дека не сме наивни!

Студенти!!! Сега е време да бидеме ГОРДИ на сиот претходен труд, на сите уништени гласни жици и да докажеме дека ние сме иднината – а со неа, после сето ова, НЕМА ПОВЕЌЕ ИГРАЧКА!

ДОСТА БЕШЕ МОЛК!

>>Седми студентски пленум: Автономна зона

Слични содржини