Светските медиуми пишуваат за пресудата на екс премиерот Никола Груевски

од Vladimir Zorba

Веста за пресудата на екс-премиерот Никола Груевски  ја пренесуваат светските медиуми.

Би-Би-Си пренесува дека поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на 2 години затвор, бидејќи противзаконски влијаел врз високи функционери за набавка на ликсузен мерцедес во вредност од 600, 000 евра, пренесува 24 Вести.

Вашингтон пост пишува дека судот пресудил 2 години затвор за екс премиерот, кој додека бил на власт во периодот од 2006 до 2016 година, влијаел врз службени лица при набавка на мерцедесот, во вредност од 700,000 долари.

Дојче Велче, со детална анализа. Пренесува дека ова е првата пресуда за Груевски-кој 10 години биа чело на авторитарна власт. Но и дека против него се водат уште 4 други случаи.

Слични содржини