СЗО: Откажете се од патентите, сите земји да произведуваат вакцини

од Vladimir Zorba

Вообичаените деловни правила што ги штитат профитите на производителите на вакцини ќе треба да се прекршат доколку е потребно, со цел целиот свет да биде имунизиран од коронавирус, вели генералниот директор на Светската здравствена организација.

За Гардијан, д-р Тедрос Аданом Гебрејсус рече дека светот треба да биде „на воена нога“. Што значи тоа?

Пред клучниот состанок на Светската трговска организација следната недела на годишнината од пандемијата, тој истакна дека поддржува откажување од патентите што ќе им овозможи на сите земји да прават и продаваат ефтини копии на вакцини измислени на друго место.

„Минуваме низ специфичен момент во историјата и мора да се соочиме со предизвик“, вели тој.

„Флексибилноста во трговските регулативи постои за итни случаи, и глобалната пандемија што принуди многу компании да затворат и предизвика толку многу штета на компаниите – и големи и мали – секако дека се квалификува. Ние мора да бидеме на воена нога и важно е да разбереме што е потребно“.

На состанокот на СТО ќе се дискутира за предлогот за одрекување од правата на интелектуална сопственост – во овој случај патенти за вакцини – предложен од Јужна Африка и Индија, а сега поддржан од 100 земји. Владите-членки се поделени по ова прашање, претежно со земјите со низок и среден приход како поддршка, а богатите земји се противат на тоа.

Имено, Тедрос тврди дека производителите ќе продолжат да добиваат одреден надомест.
„Откажувањето од патентите привремено нема да значи дека иноваторите ќе загубат. Како и за време на кризата со ХИВ или во војна, на компаниите ќе им се плаќаат такси за нивните производи“, вели тој.

Фармацевтските компании и владите во САД, Велика Британија и Европа силно се спротивставуваат на откажувањето, со или без надомест. Тие го поддржуваат аргументот на Меѓународната федерација на фармацевтски производители и асоцијации со седиште во Швајцарија дека намалувањето на приходите на компаниите е спречување на иновациите.

Тедрос вели дека мора да се земат предвид мерките.

„Без разлика дали станува збор за поделба на дозата, трансфер на технологија или доброволно лиценцирање, како што е охрабрено од сопствената иницијатива на СЗО за пристап до технологијата за Ковид-19 или откажување од правата на интелектуална сопственост, ние мора да ги преземеме сите чекори“.

Се појавуваат нови видови на вирус кои се помалку подложни на вакцини и се пренесуваат побрзо.

„Заканата е јасна: се додека вирусот се шири насекаде, тој има повеќе можности за мутација и потенцијално нарушување на ефективноста на вакцините насекаде“, вели Тедрос.

Тој ја пофали AstraZeneca за споделувањето лиценци за производство на вакцината низ целиот свет. Сепак, учесниците во кампањата велат дека дури и моделот AstraZeneca е со недостатоци. Под притисок да достави повеќе дози во Европа, компанијата доставува 10 милиони дози на Велика Британија од Институтот за серум во Индија, кој се очекува да биде главен снабдувач на земјите со ниски примања преку „Ковакс“.

Ана Мариот од „Оксфам“, која го поддржува откажувањето од патентите, рече дека состанокот на СТО следната недела ќе биде „голем момент“. Таа рече дека богатите земји мора да престанат да заостануваат.

Слични содржини