Тачи: Дијалогот со Белград нема алтернатива

од Vladimir Zorba

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денеска изјави дека нема алтернатива на дијалогот со Белград.

Тој на својот профил на Твитер напиша дека имал одличен разговор со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во Брисел и дека двете страни мора да постигнат конечен договор.

„Ни треба ЕУ и ЕУ има потреба од нас. Ние мора да дејствуваме. Лајчак ја има мојата поддршка во овој процес“, напиша Тачи.

Самиот Лајчак реагираше на објавата на Тачи, исто така на Твитер.

„Не би можел да се согласам повеќе“, напиша Лајчак.

Слични содржини