Торнадо во Германија: Летаа дрва и покриви, има тешко повредени (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Меѓу 30 и 40 лица се повредени, од кои 10 потешко, во невремето што попладнево го зафати западниот германски град Падерборн, соопштија официјални лица, пренесе ДПА.

„За време на невремето проследено со грмотевици, торнадо денеска попладне имаше патека на уништуваше од запад кон исток, минувајќи низ центарот на Падерборн, во правец на источните делови на градот”, соопшти полицијата.

Слични содржини