ТРАГЕДИЈА НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА: Се удави 11-годишно момче

од Stefanija Kuzmanovska

Момче (11) се удави денеска на плажа во Грција. Тој во бессознание бил извлечен од водата и со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во болница, каде што била констатирана смрт.

Според грчките медиуми, неговата мајка го барала уште од раните попладневни часови, а во 18 часот и 30 минути кај властите го пријавила како исчезнат.

Полицијата и крајбрежната стража веднаш започнале потрага која завршила трагично кога во 20 часот и 30 минути било забележано телото на малолетникот.

Детето со возило на Итната медицинска помош било пренесено во селската амбуланта во Фурнија, каде била констатирана смрт.

Според неофицијални информации, момчето се заплеткало во мрежи и не можело да се издигне на површината на морето.

Слични содржини