Трамп направи ХАОС НА РОЧИШТЕТО: Судијата го предупреди за неговото однесување

од Stefanija Kuzmanovska

Судијата Артур Енгорон, кој ја води граѓанската судска постапка против Доналд Трамп, во средата го предупредил поранешниот американски претседател да ги ублажи своите реакции, откако тој фрустрирано ги кревал рацете за време на сведочењето на сведок и гласно разговарал со својот адвокат.

Судијата го издаде предупредувањето откако Трамп нервозно разговарал со своите адвокати на масата на одбраната за време на вториот ден од сведочењето на проценителот на недвижности Даг Ларсон на судењето на Менхетен.

Државниот обвинител Кевин Валас побара од судијата Енгорон да побара од одбраната „да престане да дава коментари за време на сведочењето“, додавајќи дека сведокот може да ги слушне „навредите“, објави лондонскиот дневен весник „Гардијан“.

Судијата потоа побара од сите да ги ублажат своите реакции, „особено ако тие имаат за цел да влијаат врз сведочењето на сведоците“.

Во средата се одржа второто рочиште за два дена во граѓанскиот случај против Трамп, кој се заканува да ја загрози неговата империја на недвижнини и имиџот на богат бизнисмен.

Енгорон минатиот месец пресуди дека Трамп и неговата компанија „Организација Трамп“ со години вршеле измама со преувеличување на вредноста на неговите средства и нето вредноста во годишните финансиски извештаи кои се користеле за затворање зделки и за добивање подобри услови за заеми и осигурување.

Енгорон наредил управник назначен од судот да ја преземе контролата врз некои од компаниите на Трамп, доведувајќи го во прашање идниот надзор над Трамп Тауер и другите имоти.

Апелациониот суд привремено ја блокираше наредбата, бидејќи се чека жалбата на одлуката на претходна постапка.

Слични содржини