Трамп: Не сум барал од Шанахан да се повлече

од desk4

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека не барал од вршителот на должност министер за одбрана на САД, Патрик Шанахан да ја повлече кандидатурата за прв човек на американската војска.

Американските медиуми објавија наводи во врска со обвинувања за семејно насилство поврзани за Шанахан и неговото семејство.

Трамп пред новинарите истакна дека за такви обвинувања првпат слушнал пред два дена.

Трамп објави на Твитер дека Патрик Шанахан ја повлекол кандидатурата за прв човек на американската армија, додавајќи дека сакал повеќе време да минува со своето семејство.

Американскиот претседател информира дека државниот секретар задолжен за армијата, Марк Еспер, ќе биде именуван за нов вршител на должност министер за одбрана.

Слични содржини