Трамп: Не верувам дека Тајната служба не знае чија е кесичката со кокаин во Белата куќа

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Тајната служба знае кој е сопственикот на кесичката со кокаин пронајдена во Белата куќа овој месец.

Трамп изрази сомнеж дека официјалните лица не можат да го утврдат сопственикот на илегалната супстанца која беше пронајдена во фоајето на западното крило на Белата куќа, објави „Фокс њуз“.

„Знаете колку камери има пред собата за вонредни ситуации“, праша Трамп, додавајќи: „Добро ја запознав Тајната служба и немам ништо друго освен пофалби за нив, тие се неверојатни луѓе. И верувам дека тие знаат сè, дека се навистина паметни и добри во тоа што го работат“.

Слични содржини