Тренинг на фудбалски клуб беше прекинат од алигатор (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Торонто ја заменија Канада со сончевата Флорида за да избегнат потенцијални проблеми поврзани со пандемијата на коронавирус, но исто така мораа да се соочат со еден проблем.

Имено, на самиот почеток на еден тренинг пред натпреварот против мексиканскиот Круз Азул во рамките на Лигата на шампионите во КОНКАКАФ, се слушнале вресоци, а потоа и бегање од страна на играчите.

„Сè што можам да ви кажам е дека имаше алигатор, огромен алигатор. И моите играчи трчаа кон него додека одев на другата страна. Пазете, ние постојано зборуваме за потребата да се биде бестрашен на теренот, но не очекував дека ќе мора да го докажеме тоа на овој начин“, изјавил тренерот на Торонто, Крис Армас.

Потоа додаде со насмевка:

„Можеби е вообичаено тука на Флорида, затоа што сте толку близу до водата, но мислам дека беше одлично за нас момците да го гледаме ова одблизу и во живо. Тоа беше некако еден кул начин да се започне со тренингот“, открил тој.

Слични содржини