Твитер реакции на Караџоски: Наклон до земја, пцуј не ако треба, ваљда ќе ни дојде умот!

од Vladimir Zorba

Твитер корисниците му дадоа поддршка на директорот на КЗБ, Жарко Караџовски, кој денеска даде објаснување во врска со неговото работење и одговараше на новинарски прашања.

Тој изјави дека со ниеден свој говор или изјава не охрабрил било кое население или религиска група дека вирусот е победен.

„Морам да кажам Филипче ми е 13-ти министер досега, директорот на ИЈЗ ми е 9-ти директор, ми пречат обвинувањата во медиумите дека сум бил политички активен и сум имал скриени политики, но јас ќе издржам затоа што сум јак како куче“, дополни директорот на КЗБ и уште еднаш повика да се здружиме сите партии и политики во земјава во борбата против пандемијата.

Слични содржини