Учениците од ОУ „Владислав Рибникар“ денеска се враќаат во училниците

од Stefanija Kuzmanovska

Точно една недела по трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ планирано е учениците да се вратат во училниците, пренесува „Курир.рс“.

Од Советот на родители било истакнато дека децата кои сакаат да одат на училиште, одат, но има и многу такви кои не сакаат. Според тоа, нема фиксен модел како ќе се вратат на училиште, а како што навеле, по паралелки ќе се договори како и дали воопшто ќе ја следат наставата.

Родителите на дел од учениците од ова училиште не се согласиле со одлуката утре да се вратат на настава, но како што претходно беше најавено, учениците од ова училиште од среда се враќаат на настава во циклуси.

Комеморацијата на загинатите во училиштето во Врачар ќе се одржи утре во Собранието на град Белград. Од Советот наведуваат дека сакаат комеморацијата да се одржи во тесен круг на луѓе, со присуство на деца, родители и наставници.

Слични содржини