Угинати повеќе од 500 пеликани во Мала Преспа

од Nikola Popovski

Деновиве во Мала Преспа биле пронајдени повеќе од 500 мртви пеликани, објави Македонското еколошко друштво.

Според Друштвото, пеликаните биле забележани од страна на нивната партнерска организациja од ПреспаНет Society for the Protection of Prespa (SPP).

-Потврдено е дека причината за угинатите птици е птичји грип H5N1. Информирани се сите наши релевантни институции, а вирусот е потврден и кај нас во одделен случај. Соодветните организации ја следат состојбата и се очекува дека и кај нас може да бидат забележани нови случаи, велат од МЕД и алепираат доколку некој забележи нешто слично, да пријави во друштвото.

Слични содржини