Украина воведува казнени мерки за неколку великодостојници на Украинската православна црква

од Stefanija Kuzmanovska

Властите во Киев наредија спроведување на казнени мерки против седум високи црковни великодостојници на Украинската православна црква (УПЦ), која има вековни врски со Москва и е под зголемен притисок од почетокот на војната во Украина на 24 февруари.

„Правиме се за да се осигураме дека државата агресор не може да повлече конци што би можеле да предизвикаат страдање на украинското општество“, рече украинскиот претседател Владимир Зеленски, објавувајќи ги мерките во видео обраќање во текот на ноќта, пренесе „Ројтерс“.

Според наредбата издадена од Советот за безбедност на Украина, на сите свештеници им е одземен имотот и тие се предмет на забрана за голем број економски и правни активности, како и де факто забрана за патување, наведува британската агенција.

Слични содржини