Унгарија блокираше 50 милијарди евра помош на ЕУ за Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Унгарија ја блокираше помошта од 50 милијарди евра на ЕУ за Украина, само неколку часа откако Европскиот совет одлучи да ги започне пристапните преговори со земјата.

„Резиме на вечерашната средба: Вето за дополнителни пари за Украина“, напиша синоќа унгарскиот премиер Виктор Орбан на мрежата Х, по состанокот на Европскиот совет во Брисел.

„Ќе се вратиме на тоа прашање следната година по соодветна подготовка“, додаде Орбан.

Слични содржини