УНИЦЕФ ја повика Русија да го запре „присилното“ префрлање на деца од Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Комитетот на Обединетите нации за правата на децата (УНИЦЕФ) денеска ја повика Русија да го запре наводното присилно пренесување на деца од окупираните територии на Украина, што според нив е кршење на меѓународното право и да ги врати на нивните семејства.

Во извештајот за Русија, комитетот на ОН нагласи дека Москва треба да обезбеди податоци за точниот број на деца земени од Украина и каде се наоѓаат, за да можат да бидат идентификувани и вратени.

УНИЦЕФ, исто така, изјави дека Русија треба да се погрижи ниту едно дете да не биде лишено од украинската националност и дека нивниот идентитет, име и семејни односи мораат да бидат зачувани.

Слични содржини