Утре нема спонтано доаѓање на гробот на Делчев бидејќи ризикот е на повисоко ниво, порача Спасовски

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва информираше дека утре на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев не може да има спонтано доаѓање на гробот на револуционерот.

-Затоа е направен распоред и имаме воспоставено систем. Во текот на денот ќе може да се поклони секој кој што сака. Не може да има спонатно доаѓање утре бидејќи таква е организацијата и ризикот е на повисоко ниво. Никогаш немало вакви тензии на минатите тензии како сега што се направени. Работата на државата е да воспостави ред, кажа Спасовски во емисијата „360“.

Министерот информира дека од партијата ВМРО-ДПМНЕ се организираат во поворка да тргнат од седиштето и да се упатат во црквата Св. Спас.

-Во заштитената зона ќе влезат само делегациите кои што се пријавени. Тоа е дефинирано со оперативниот план. додаде Спасовски.

Слични содржини