Утврдени најкритичните места во Делчево на кои ќе се интервенира веднаш поради штетите од невремето кое го зафати Делчево на 8 јуни годинава. Откако минатата недела со одлука на Влада, поради невремето беше прогласена кризна состојба во Делчево, на денешната нова Седница беа утврдени и критичните точки каде во периодот кој следи ќе се интервенира за санирање на штетите
Со одлуката во Општина Делчево опфатени се крак на Булевар Македонија, улица Булевар Македонија, мостот на реката Брегалница, како и дел од улиците Царевоселска, Голачка, Иво Лола Рибар и Јане Сандански.
На овие улици ќе се интервенира со ставање на располагање на државните претпријатија, со кои е предвидено комплетно санирање, заштита и реконструкција на улиците, предизвикани од обилните врнежи што го зафатија Делчево.
Во меѓувреме во Делчево заврши пријавувањето на штети, при што од Општината информираа дека поднесени се вкупно 160 пријави за штети предизвикани од невремето на 8 јуни 2023 година. Најмногу пријави има за поплавени подруми, пониски простории, оштетен мебел, апарати за домаќинство и поплавени автомобили.