ВИДЕО од уапсениот Пакистанец во Македонија, се сомничи дека убил 17-годишна девојка во Грција

од Stefanija Kuzmanovska

Уапсен е 21-годишниот маж кој наводно ја убил 17-годишната девојка Николета во Перистери, во понеделникот вечер, јавија грчките медиуми повикувајќи се на објавата на грчкиот министер за јавен ред, Такис ​​Теодорикакос, кој соопшти дека 21-годишниот Пакистанец кој ја уби 17-годишната Николета од Перистери сега е во рацете на полицијата.

Според информациите на newsit.gr, тој ја напуштил Атика како и Грција и заминал во Северна Македонија со намера да продолжи кон земјите од Централна Европа. Украдениот телефон на брутално убиената 17-годишна Николета како и блиската соработка на полициските власти на Грција и Северна Македонија, доведе до апсење на 21-годишниот Пакистанец, јавуваат грчките медиуми.

За неговото бегство биле известени сите балкански власти, посебно полицијата во Северна Македонија. Како резултат на засилените контроли, вчера попладне во Северна Македонија е идентификувана група илегални мигранти, во која е констатирано дека е присутен и наводниот извршител на грозоморното убиство, по потекло од Пакистан.

Во истите информации се наведува дека со себе го имал и мобилниот телефон на 17-годишната девојка кој бил без сим-картичка.

Слични содржини