(ВИДЕО) Париз на нозе: Голем митинг против испораката на оружје во Киев

Митингот наречен „За мир“ против поддршката за конфликтот во Украина и излезот од НАТО се одржа во организација на десничарската партија „Патриоти“.

од Бети Божиноска

Неколку илјади демонстранти маршираа денеска низ централните улици на Париз против испораката на оружје за Киев и испраќањето на западните трупи во Украина, пренесува „РИА Новости“.

Митингот наречен „За мир“ против поддршката за конфликтот во Украина и излезот од НАТО се одржа во организација на десничарската партија „Патриоти“.

Демонстрантите носеа плакати со натписи: „Не за третата светска војна!“, „Оставете го НАТО, напуштете ја ЕУ“, „Мајки против војна“, „Оставете ги нашите деца на мира“ и во исто време ги кинеа знамињата на Алијансата.

„Неприфатливо е Франција да не бара мир. Париз нема право да не се залага за мирно решавање на украинскиот конфликт бидејќи во него е вмешана нуклеарна сила и ситуацијата може да излезе од контрола во секој момент“, истакна лидерот на партијата и кандидат за изборите за Европскиот парламент, Флоријан Филипо.

Филипо се изјасни против реториката на ЕУ и НАТО, кои „постојано бараат непријатели“ и се залагаше за повлекување на Франција од тие организации.

Според еден од учесниците на демонстрациите, идентификуван само како Франсоа, „неприфатливо е човек да се држи настрана од она што се случува“.

„Дојдов овде за да кажам дека сме против војна која ќе биде катастрофа за сите“, рече демонстрантот.

На крајот од митингот, лидерот на партијата „Патриоти“ традиционално го искина знамето на НАТО, нарекувајќи го „симбол на покорност“.

Слични содржини