285
Две лица ги загубија животите во пукање во центарот на Окленд, Нов Зеланд, неколку часа пред отворањето на деветтото Светско првенство за жени во градот.
Повредени се уште шест лица, меѓу кои и полицајци.
Мртов е и напаѓачот кој отворил оган со сачмарка на градилиште во деловниот кварт во центарот на градот.
Gunman goes on shooting spree in New Zealand
Details: https://t.co/lEadqCa8IR pic.twitter.com/1LJYuOZPXy
— RT (@RT_com) July 20, 2023
Премиерот Крис Хипкинс рече дека нападот не се смета за терористички акт.
Тој додаде дека Светското првенство ќе започне според планираното и дека луѓето можат да бидат сигурни дека полицијата ја неутрализирала заканата.
„Ниту еден политички или идеолошки мотив за нападот не е идентификуван“, рече премиерот.